Дома Фудбал Репрезентации Фудбалерот на Јувентус се забавувал, па бил суспендиран од репрезентацијата

Фудбалерот на Јувентус се забавувал, па бил суспендиран од репрезентацијата

Винстон Мекени отпадна од репрезентацијата на САД поради кршење на ковид протоколите.

23-годишниот фудбалер на Јувентус внел личност во заштитената зона позната како „меур“ на репрезентациите. Со тоа тој го загрозил здравјето и настапот на сите репрезентативци.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Исто така се пишува и дека Мекени поминал една ноќ во хотелот. Фудбалерот потврди дека е суспендиран и се извини преку социјалните мрежи.

„Суспендиран сум за вечерашниот натпревар поради ковид протоколите, жалам за постапките и се извинувам. Ќе навивам за момците, се надевам дека брзо ќе се вратам во тимот“, напиша Мекени пред мечот против Канада во кој САД одигра реми 1:1.

Мекени проблеми со однесувањето имаше и во Јувентус каде што уште неколку фудбалери во април организираше забава среде карантин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Де Ла Фуенте за драмата со Јамал: Вакво нешто првпат ми се случува, не ми баш нормално!

Тренерот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, го изрази своето незадоволство по…