Дома Фудбал Англија Фудбалерот на Манчестер Јунајтед мора на суд поради местење натпревари

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед мора на суд поради местење натпревари

Местењето натпревари и корупцијата во сите спортови и натаму представува голем проблем, а различни здруженија и организации константно се борат против ваквите појави. Ниту најдобрите светски лиги и клубови не се имуни на корупцијата, па и во Шпанија е покрената постапка против голем број фудбалери и претседатели на клубови.

Имено, шпанските власти покренаа постапка во врска со сомнителниот натпревар помеѓу Сарагоса и Леванте која е одиграна во мај 2011. година.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Сарагоса тогаш се бореше да не испадне, а на крајот го совлада Леванте со 2:1. Наводно, финансиски средства се давани на фудбалерите на Леванте, но и на играчите на Сарагоса.

Вкупно 33 фудбалери ќе се најдат пред суд да дадат исказ за случувањата пред, за време на одигрување и после натпреварот, а меѓу нив е и Андер Ерера.

Според судските списи од 2014 година наводно во мај 2011. година се уплатени вкупно 848.450 фунти на тогашниот тренер на Сарагоса Хавиер Агуире, на спортскиот директор на клубот и девет играчи.

Околу целата ситуација се огласи и самиот Андер Ерера, кој истакнува дека е невин.

„Како што реков во 2014. година кога се појави прашањето за спорниот натпревар, никогаш не сум ниту ќе учествувам во било каква манипулација кога се во прашање резултатите на натпреварите. Доколку бидам повикан да сведочам на суд тоа ќе го сторам. Совеста ми е чиста. Го сакам фудбалот и верувам во фер плејот, како на теренот така и надвор од него.“ – порача фудбалерот на Јунајтед.

Инаку, Андер Ерера кариерата ја започна во младинските категории на Сарагоса, а за првиот тим на овој клуб настапуваше од 2009. до 2011. година.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како е можно голманот да примил гол од оваа позиција: Несекојдневна ситуација во Лигата на шампионите

Едно полувреме беше доволно за Баер Леверкузен да слави против Феенорд со 4:0 во Ротердам,…