Дома Фудбал Англија Фудбалерот на Манчестер Сити и стави крај на својата кариера, причината е ризикот да преживее!

Фудбалерот на Манчестер Сити и стави крај на својата кариера, причината е ризикот да преживее!

Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Синан Битики во 22. година од животот одлучи да ја прекине својата професионална кариера.

Битики важеше за голема надеж на европскиот фудбал и во 2014. година пристигна во Сити како голем блог за иднината, но дебито за првиот тим не го дочека, со оглед на тоа дека поради срцеви проблеми одлучи да ја заврши својата кариера.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Лекарите ми дадоа до знаење дека мали се шансите да преживеам ако продолжам да играм фудбал. Ако престанам, ризикот дека срцето ќе престане да чука би паднал на еден процент“, истакна Битики во разговор за англиските медиуми.

Манчестер Сити кон Битики реагираше сочувствителнои и веднаш на младата надеж и даде работа како скаут.

„Морам да бидам благодарен на својот клуб за оваа шанса која ја добив“, додаде.

Овој фудбалер кој минатата година стекна право да настапува за репрезентацијата на Косово, со срцевите проблеми првпат се сретна кога беше на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси не заборава: Откако ја освои титулата возврати на клубот кој ги исмејуваше!

Челзи ја освои титулата светски клупски шампион откако го совлада ПСЖ со 3:0 во завршницат…