Набил Фекир изимнатото лето се поврзуваше со неколку европски гиганти, а според последните информации би можел да заврши во редовите на Баерн Минхен.
Фекир со одличните настапи во дресот на Лион привлече внимание од неколку европски клубови, помеѓу нив беше и Ливерпул каде што беше на чекор од трансфер, но на крајот сепак остана во Лион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега како што пренесува германски „Кикер“, Баерн Минхен сака да биде убеден во неговите квалитети пред да испрати официјална понуда, па во наредните натпревари на Лион баварците ќе имаат свои скаути.
Фекир има договор со Лион до летото 2020 година, но ова беше „сантиметри“ блиску да го напушти францускиот клуб.
Фекир во Лион пристигна уште во младинските категории во 2011 година, а шанса во првиот тим доби во 2013 година.