Дома Фудбал Останато Фудбалерка на припремите на репрезентацијата се појави бремена во шести месец (ФОТО)

Фудбалерка на припремите на репрезентацијата се појави бремена во шести месец (ФОТО)

Сидни Лерокс (28) е ѕвезда на женската фудбалска репрезентација на САД. Напаѓачката на американскиот Орландо Прајд на репрезентативните припреми се појави бремена.

Лерокс е бремена во шестиот месец, но тоа не ја спречило да се приклучи на репрезентацијата и да го започне циклусот на припреми.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Таа и нејзиниот сопруг Дом Двајер веќе имаат син, а минатата година изгубија дете поради спонтан абортус, па сега очекуваат нова принова.

„Не очекував да ги започнам припремите во бременост која трае веќе 5.5 месеци, но еве ме“, напиша Лерокс на својот Инстаграм профил.

Нејзините фанови ја преплавија со честитики, а голем број од нив нејзиниот потег го нарекуваа инспиративен. Некој ја запраша дали поминала лекарски преглед пред одлуката да се врати на тренинзите на што таа одговори.

„Ги правам само оние работи кои се без контакт. Работам со топка и тоа е тоа“.

Своето второ дете таа го очекува наскоро, само една година после спонтаниот абортус. Лерокс поради тоа минатата сезона пропушти еден месец, за потоа да ја објави тажната вест.

Оваа 28 годишна фудбалерка веќе запиша 75 настапи за САД и освои златен медал на Олимписките игри во Лонсон 2012 година.

Исто така беше дел од екипата која го освои Светското првенство во 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флик по дебаклот: Обвинете ме мене…

Eкипата на Барселона вчера го претрпе првиот пораз во Ла Лига и тоа беше вистински дебакл …