Барселона со 3:1 го победи Наполи и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампиони.
Поразот во елитното натпреварување беше болен за фудбалерите кои ќе загубат и премија од 10 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис им соопштил на ѕвездите дека ќе им подели 10 милиони евра ако ја победат Барселона.
Гостите од Италија не само што не поминаа во следната фаза од елитното натпреварување, туку останаа и без шанса да се борат за место на Светското клупско првенство кое ќе се игра на крајот од годинава.
Наполи со пласманот во четвртфинале ќе се пласираше на Светското клупско првенство и ќе добиеше 50 милиони евра.