Дома Фудбал Останато Фудбалерите на Горица тренираа среде ноќ за да не пијат алкохол 🎥

Фудбалерите на Горица тренираа среде ноќ за да не пијат алкохол 🎥

Необична ситуации беше забележана во хрватскиот фудбал по натпреварот во ХНЛ во кој Горица на гости славеше против Шибеник со 0:4.

Имено тренерот на Горица, Жељко Сопиќ одлучи да им закаже тренинг на своите фудбалери среде ноќ во еден часот по полноќ.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ако ве разбуди силна светлина во Велика Горица, не се грижете. Тоа се нашите рефлектори, фудбалерите тренираат“, објави клубот.

Тренерот Сопиќ објасни дека тренингот бил превентива за неговите фудбалери да не испијат премногу алкохол.

„Сега моите фудбалери ќе се изнапијат алкохол, како да не знаат дека во еден часот по полноќ ги очекува тренинг по враќањето во Горица, а ги чека! Мора да го исфрлат алкохолот од својот систем“, изјави Сопиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …