Дома Македонски спорт Фудбалерите до 18 години убедливо поразени од Црна Гора

Фудбалерите до 18 години убедливо поразени од Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години на стадионот Тополица, Бар го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа под очекувањата и беа поразени до 3:0 од домаќинот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Скробановиќ во 29. минута од средбата го постигна водечкиот погодоко за Црна Гора. На 2:0 зголеми Вукчевиќ во 43. минута. Конечните 3:0 ги постави Перовиќ во последната минута од мечот.

Втората контролна средба помеѓу овие две репрезентации ќе биде одиграна на 4 мај со почеток од 12. часот.

Македонија: Даниел Диковски, Максимилиан Димитриевски, Андреј Велков, Анес Мелиќи, Алтин Нурединовски, Никола Манојлов, Давид Ристовски, Алији Аљтин, Матеј Гаштаров;

Селектор: Вујадин Станојковиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…