Дома Фудбал Останато „Фудбалерите денес се глупави, ако играв ќе постигнев 2.000 голови“

„Фудбалерите денес се глупави, ако играв ќе постигнев 2.000 голови“

Легендата на бразилскиот фудбал и светски шампион со „Кариоките“ од 1994 дена даде изјава во која порача дека ако денес играл фудбал ќе постигнел и 2.000 гола.

Денес Ромарио има 58 години и неодамна најави дека продолжи да игра во клубот Америка од Рио Де Женеиро каде што самиот е претседател.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За овој тим Ромарио има за цел да настапи во второлигашот од Рио Де Женеиро, но за него посебно е што би играл заедно со својот син Ромарињо. Сепак, во досегашните натпревари тој е само на клупата.

„Мислам дека сега би бил поуспешен на теренот, бидејќи денес момците се многу глупави. Тие трчаат премногу. И во мое време беше важна и физичката компонента, во фудбалот тоа секогаш било така. Но играчите беа технички многу попотковани и попаметни. Сигурен сум дека да бев млад играч денес, ќе постигнев повеќе од 2.000 гола“, изјави Ромарио.

Во кариерата Ромарио го носеше дресот на бразилските клубови Васко де Гама, Флуминенсе и Америка. Во Европа беше дел од Барселона, Валенсија и ПСВ, додека играше уште за Ал Сад од Катар и Мајами од САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…