Дома Фудбал Репрезентации ФС Египет: Салах оди на третман во Шпанија!

ФС Египет: Салах оди на третман во Шпанија!

Фудбалскиот сојуз на Египет објави дека репрезентативецот Мохамед Салах оваа недела ќе отпатува во Шпанија на лекување поради повредата на рамото која ја доби во финалето од Лигата на шампионите.

Салах се повреди после половина час игра во дуел со капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос и беше приморан прерано да го заврши финалето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Одличниот Египќанец кој оваа сезона постигна 44 погодоци во сите натпреварување сега е во трка со времето бидејќи се обидува спремен да го дочека Мундијалот кој започнуван а 14 јуни.

Како и што во својата изјава потврди самиот фудбалер, очекувањата се тој да биде спремен.

„Беше тешка ноќ, но јас сум борец. Убеден сум дека ќе бидам во Русија и ќе ве направам горди. Вашата љубов и поддршка ќе ми дадат сила која во овие моменти ми е неопходна“, порача Салах.

Од египтетскиот сојуз најгласија дека одлуката Салах да оди на третман во Шпанија ја донеле во консултација со Ливерпул.

Египет првиот натпревар на Мундијалот го игра на 15 јуни против Уругвај во групата „А“ во која уште се сместени Русија и Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …