Дома Останати Франција е нов европски шампион!

Франција е нов европски шампион!

Ракометарите на француската репрезентација се нови шампиони на Европа откако во финалето во Келн ја совладаа Данска со резултат 33:31 и тоа по продолженијата.

Тесното прво полувреме заврши нерешено (14:14), а по паузата Данците направија серија од 3:0 и поведоа со 17:14. „Триколорите“ не се предадоа, го израмнија резултатот и потоа минимално поведоа на седум минути пред крајот на дуелот (25:24).

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Потоа Данците заиграа многу подобро и на две минути до крајот повторно се вратија во водство (27:26). Французите израмнија преку Фабрегас на 10 секунди пред крајот, а на Данците им остана само удар од девет метри. Хансен промаши и играта отиде во продолженија.

Додатните 10 минути донесоа нова драма, кај Французите конечно проработе Дика Мем, кој ги постигна првите голови во второто продолжение и им донесе позитива на Французите од два гола која ја одржуваа до крај за конечни 33:31.

Фабрегас беше најефикасен во редовите на новиот европски шампион со 8 гола, Ремили собра 5, а Лене, Пранди и Нача по 4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…