Дома Фудбал Германија ФОТО: Јоаким Лев влезе во историјата на фудбалската репрезентација на Германија

ФОТО: Јоаким Лев влезе во историјата на фудбалската репрезентација на Германија

Победата против Северна Ирска го искачи Јоаким Лев на чело на листата на најуспешните германски селектори.

Селекцијата на Германија во четвртокот оствари пбоеда на гостувањето против репрезентацијата на Северна Ирска, со што ја потврдија картата за Русија следното лето, како и деветата победа на исто толку натпревари во рамките на овие квалификации.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Германија исто така има и импресивна гол разлика (38:3), а Јоаким Лев по споменатата победа во Белфаст се искачи на врвот на листата на германските селектори, по процентот на добиени натпревари.

Германија со Лев на клупата славеше во дури 68% одиграни натпревари, а од 2006., па до денеска освои Светско првенство 2014, Куп на Конфедерерации оваа година, го освоија третото место на Мундијалот 2010, додека беа вицешампиони на Европа во 2008. година, а завршија трети четири години подоцна.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

На Кансело му доаѓа крајот во Барселона и веќе се нуди на нов клуб

Жоао Кансело зимава пристигна како неочекувано засилување за Барселона, но иако игра доста…