Дома Фудбал Останато (Фото) Сане ја покажа новата тетоважа, па веднаш почна мајтапење!

(Фото) Сане ја покажа новата тетоважа, па веднаш почна мајтапење!

Лерој Сане во Манчестер Сити пристигна како големо засилување, а „граѓаните“ не штедеа пари за да го донесат на „Етихад“.

Сане ветуваше дека во Сити би можел да стане еден од најдобрите играчи на светот, но повредите не му дозволија оваа сезона да покаже што знае. Сепак, Сане и оваа сезона во некои моменти покажа зошто овој клуб од Манчестер толку многу сакал да го види во своите редови.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Меѓутоа, вчера Лерој Сане предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако по победата над Вотфорд, фудбалерот на Сити ја покажа интересната тетоважа на грбот.

Имено, по завршувањето на натпреварот, Сане го соблече дресот и на неговиот грб можеше да се види тетоважата, која, според многумина, го претставува токму Сане.

На тетоважата може да се види слика на Сане во дресот на Сити, а некои заклучија дека тетоважата неодоливо потсетува на неговата прослава на голот кој го постигна против Монако во ЛШ, така на социјалните мрежи се појавија коментари дека тетоважата е „спомен“ кој потсетува на испаѓањето на Сити од најсилното клупско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Би било интересн: Надал сака да игра турнир со Ѓоковиќ, Мареј и Федерер, но – не во тенис!

Еден од најголемите тенисери во историјата и новопечениот пензионер сака повторно да се со…