Италијанскиот гигант Рома во соработка со производителот на спортска опрема „Најк“ ги престави новите дресови за сезоната 2017/2018.
Рома на својата официјална веб страница се пофали со новиот изгледа на третата гарнитура на дресови која ја произведе нивниот спонзор „Најк“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Се работи за темна гарнитура со портокалови детали која навистина изгледа одлично. Освен одличниот изглед, новите дресови ја содржат напредната Аеросвит технологија која ги нуди најдобрите услови во поглед на удобноста и перформансите.
Многумина ќе се сложат дека оваа гарнитура слободно може да биде прв избор за клубот од Рим. Ова мислење преовладува и кај поголемиот дел од навивачите кои се воодушевени од изгледот на овој дрес.