Со денешните последни две средби и официјално заврши главната групна фаза од Лигата на шампионите во ракомет за жени. Мец како домаќин славеше над Турингер со резултат 35-29, со што францускиот тим го освои второто место во групата зад Вардар, избирајќи на тој начин четвртфинален двомеч против ЧСМ Букурешт.
Ференцварош денеска неочекувано загуби на гостувањето во Германија против Битигхајм (27-23), со што унгарскиот вицепрвак падна на третата позиција, па за место на Ф4 во Будимпешта е се бори со Ростов од Русија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера се дознаа и првите четвртфиналиња, Вардар-Митјиланд и Ѓер-Будуќност
Овие дуели ќе се играат во периодот од 6 до 15 април, победниците од двомечот патуваат на Ф4 турнирот во Будимпешта.