Смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори го шокира целиот фудбалски свет. Клубовите, фудбалерите и тренерите изразија сочувство кон семејството на фудбалерот и Фиорентина, обединети од трагичната вест.
Астори е дете на Милан и првите фудбалски чекори ги направи во дресот на „росонерите“. Клубот од Милано денес преку својот Инстаграм публикуваше фотографија на која Астори е со „црвено-црниот“ дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан во четврток на мечот против Арсенал во Лига Европа ќе излезе со специјални дресови на кои ќе го има името на Астори, во чест на прерано починатиот фудбалер.