Изгледа дека Манчестер Јунајтед со синоќешната победа против ПСЖ во Лигата на Шампионите за награда не доби само поминување понатаму, туку и потенцијален нов фудбалер.
„Црвените ѓаволи“ со месеци се заинтересирани за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Санчо, но изгледа дека синоќа го „купија“ за сите времиња. Имено, овој нов англиски репрезентативец преку Инстаграм одлучи да ја прослави победата на Јунајтед и тоа така што му оддаде признание на својот колега од репрезентацијата, Маркус Рашфорд.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Се разбира, на прв поглед делува како Сансчо да му оддаде признание само на Рашфорд, но навивачите на Јунајтед сметаат дека ова и дефинитивно значи дека тој е заинтересиран за траснфер на „Олд Трафорд“. Цената на младиот Санчо наводно е 100 милиони евра, а за него освен Јунајтед, заинтересиран е и синоќешниот противник на англискиот тим, ПСЖ.