Нема повеќе пречки за доаѓањето на белгискиот напаѓач во Манчестер Јунајтед, откако Лукаку ги помина лекарските прегледи и подготвен е целосно да се стави на располагање на тимот на Жозе Мурињо.
Само 24 часа по објавувањето на реализацијата на големиот трансфер, Лукаку ги заврши лекарските прегледи. „Доказот“ го стави на својот Инстаграм профил и на тој начин ја стави последната точка за тоа дека трансферот е реализиран.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед ќе плати 75 милиони фунти на Евертон, со уште 15 милиони за бонуси, а во приказната е вклучен и трансферот на Вејн Руни во спротивна насока и неговата плата.