Кристиано Роналдо се најде во центарот на вниманието на сите медиуми откако со изјавата за германски „Шпигел“, Кетрин Мајорга повторно ја актуелизираше прикзната за наводното силување во 2009 година.
Мајорга за американските медиуми изјави дека после девет години молчење одлучила да и открие на јавноста дека Роналдо ја силувал во еден луксузен хотел во Лас Вегас. Наводно, Португалецот тогаш и платил сума од 287.000 евра за да не зборува во јавноста, но едноставно таа сега не можела се да чува во себе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роналдо експресно се огласи по повод овие прикзани и порача дека тоа се лажни информации. Португалецот додаде и дека нема да дозволи неговото име некој да го користи за да стане популарен.
Но, сега се појави првиот факт кој мора да се признае дека не оди во прилог на Роналдо.
Во една своја изјава Кетрин откри дека Роналдо таа ноќ на себе имал ланче кое од таа вечер повеќе никогаш не го носел. Таа опишала како изгледало ланчето, а на медиумите во Америка не им требаше долго за да пронајдат фотографија на која Роналдо носи такво ланче.
„Викав и зборував, не, не, не. Го молев да престане, но тој се качи врз мене и имаше свое ланче на кое имаше крст. Го прашав што ќе каже Бог на тоа што ми го прави. Сакам само правда, не ме интересираат пари. Сакам целиот свет да ја знае вистината“, изјави Кетрин.