Прекрасни сцени на „Корнелја ел Прат“.
Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста во текот на вчерашниот ден и официјално се прости од Барселона, а навивачите на Еспањол одлучија на денешниот натпревар да го поздрават својот пријател.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еспањол го пречека Лас Палмас, а на трибните се појави голем транспарент со натпис: „Ти благодариме за се пријателу“, а измеѓу стоеше бројот 21 кој го носеше капитенот на плаво-белите и голем пријател на Иниеста, Дани Харке на кого Дон Андрес го посвети голот во финалето на СП во 2010 година.
Ова е само уште еден доказ каква големина од човек е Андрес Иниеста.
#FCB | La afición del Espanyol homenajea a Iniesta en Cornellà-El Prathttps://t.co/KgRevwVKQA pic.twitter.com/AW5d7c2Dtv
— Diario SPORT (@sport) April 28, 2018