„Росонерите“ не му го простија враќањето во Јувентус.
Јувентус вчера на „Сан Сиро“ стигна до победа против Милан во италијанското дерби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот го обележи Гонзало Игуаин, поранешниот фудбалер на Јувентус кој сега настапува за „росонерите“ промаши пенал и заработи црвен картон.
Аргентинецот сега го чека пауза, од најмалку еден натпревар, но вниманието го привлече уште еден човек кој го носеше дресот на двата клуба.
Секако, станува збор за Леонардо Бонучи кој не беше во стартниот тим и се претпоставува дека тоа беше така поради се што се случуваше изминатата сезона кога премина во Милан, за потоа ова лето да се врати во Торино.
Во Милан ја носеше капитенската лента и „росонерите“ не му простија, па му посветија интересен транспарент.
„Бонучи, само Скетино е поголем срам од тебе“, алудираа најжестоките фанови на домашните на капетанот на бродот на Коста Конкордија кој кога потона, тој побрза да побегне од него.