Баварскиот гигант, Баерн Минхен во четврток најави претставување на својата нова машина.
Сепак, овој пат не станува збор за ново засилување и „машина за голови“, туку буквално за машина. Имено, Баерн ќе го претстави ултрамодерниот клупски автобус. Ова за Баварците е голем настан со оглед на тоа што ќе го претстави долгогодишниот партнер, компанијата „MAN“, која ќе му ги даде клучевите од новиот автобус на претседателот на Баерн, Румениге.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сите детали околу свеченото претставување на новиот автобус на Баерн ќе бидат објавени на официјалната страница, а од 17 до 19 часот во Минхен ќе има богата забавна програма на која ќе присуствуваат и многубројни легенди на Баерн.
Сите навивачи на Баерн кои ќе дојдат на претставувањето на новиот клупски автобус со истиот ќе можат да се сликаат и дома да однесат различни сувенири со логото на нивниот омилен клуб.