Дома Трансфер зона Фотографија која брзо стана хит: „Адидас“ веќе ги печати дресови на Јувентус со името на Роналдо!? (фото)

Фотографија која брзо стана хит: „Адидас“ веќе ги печати дресови на Јувентус со името на Роналдо!? (фото)

Jaсно е и кој број ќе го добие.

Фудбалската јавност во текот на вчерашниот ден ја здрма веста дека Кристиано Роналдо ова лето ќе го напушти Реал Мадрид и ќе се пресели во редовите на Јувентус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Атмосферата дополнително ја подгреа спортскиот директор на Јувентус, Џузепе Марота кој на прашањето за Роналдо само се насмеа и порача дека не сака да зборува на таа тема. Јувентус е спремен да плати 120 милиони евра, а на Роналдо да му понуди договор на четири години со плата од 30 милиони евра по сезона.

Многу италијански медиуми се сигурни дека Роналдо пристигнува во Јувентус. На Твитер се појави и интересна фотографија, односно, „Адидас“ наводно веќе печати дресови со името на Роналдо.

Според овие фотографии доколку трансферот биде реализиран, Роналдо ќе ја добие својата „седмица“ која во овој момент во Јувентус му припаѓа на Хуан Квардардо.

dres

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…