
Што ќе се случува во последното коло во Серија А, Ла Лига и Лига 1 ↓↓↓
Вардар и Пелистер вчера одиграа пријателски натпревар во с. Црно Буки.
Македонското „Ел Класико“ на крајот заврши без победник 2:2. Натпреварот беше дел од меморијалниот турнир „Трајан Кочишки Куља“.




Дуелот беше отворен после 37 минути игра со убав гол на новото засилување на црвено-црните Симеон Христов. Пелистер на два пати израмнуваше преку Никола Наумовски и Љавдрим Фазлиу кој пред само неколку дена беше промовиран во Битола. Вториот гол за Вардар беше дело на Величковски.




После нерешениот резултат се изведуваа пенали, а во пенал рулетот Вардар славеше победа со 4:3.














Фото: Димитар Петковски