Тренерот на Барселона, Ханси Флик денеска потврди неколку добри вести за навивачите на каталонскиот клуб.
Како што беше најавено, Гави конечно се враќа во тимот, по 11 месеци, а покрај него за тимот ќе конкурираат и Дани Олмо и Фермин Лопез, кои паузираа еден месец. Тој исто така додаде дека Ламин Jамал и Роберт Левандовски се спремни по полесните повреди за време на репрезентативната пауза.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Да, сите се подготвени, Гави, Олмо и Фермин Лопез. Гави и Олмо сигурно ќе стартуваат од клупата, додека Фермин можеби ќе биде во стартер, треба да размислуваме и за натпреварот во среда. Зборував и со Ламин, тој е целосно подготвен и благодарност до селекторот Шпанија за разбирањето“, изјави Флик.
Тој потврди и дека Игнаси Пења ќе остане прв голман иако е подготвен и Војчех Шчесни.
„Среќен сум што Шчесни е веќе подготвен да биде во составот. Но, не гледам потреба од промена на голманската позиција. Пења ќе биде нашиот прв голман и во недела против Севиља и во среда против Баерн Минхен. рече Флик.
Натпреварот Барселона – Севиља е закажан за в недела од 21 часот.