Дома Фудбал Репрезентации Флик во иднина нема да повикува невакцинирани фудбалери во репрезентацијата

Флик во иднина нема да повикува невакцинирани фудбалери во репрезентацијата

Со големи проблеми поради заразени фудбалери со коронавирус се соочува германската фудбалска репрезентација пред завршните два натпревара во квалификациите за СП.

Германските медиуми објавија дека позитивен на коронавирус е дефанзивецот Никлас Шуле, а поради близок контакт со него изминатите денови, во изолација се уште четворица репрезентативци.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Флик е категоричен дека фудбалерите треба да се вакцинираат и се закани дека во иднина нема да повика невакцинирани фудбалери.

„Се надевам ова повеќе да не се повторува. Да испратиме петмина играчи дома поради коронаворус е нешто што не сакам да го видам повеќе. За мене единствен начин да се справиме со пандемијата е да се вакцинираме. Секој има право да одбие и си сноси одговорност. Ќе процениме во иднина дали невакцинираните ќе добиваат повик во репрезентацијата“, изјави Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал го скратил името на стадионот „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид поминува низ период на големи промени, а една од нив сега е и официјално потвр…