Дома Фудбал Останато ФИФА сепак не е толку „остра“ кон Суперлигата?

ФИФА сепак не е толку „остра“ кон Суперлигата?

Суперлигата вчера стана реалност 12 европски гиганти го потврдија своето учество.

Веднаш почна да се најавуваат најостри санкции од УЕФА за клубовите кои ќе играат во ова натпреварување. Се споменуваше дека фудбалерите ќе имаат забрана за настап на Европско и Светско првенство, но за тоа зад УЕФА цврсто треба да застане и ФИФА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ФИФА се огласи со соопштение, но од него не може да се заклучи дека тие во целост се на страната на УЕФА. За разлика од УЕФА ФИФА е далеку „побалага“ во реакцијата.

„ФИФА цврсто стои зад солидарноста во фудбалот и моделот на еднаква редистрибуција која може да го развие фудбалот на глобално ниво и тоа е нашата основна мисија. Секое фудбалско натпреварување, дали е глобално, регионално или национално мора да ги рефлектира вредностите на солидарноста. ФИФА може само да изрази дека не се согласува со „затворената европска лига“. Ние сме организација која секогаш се залагаме за единство во фудбалот. Ги повикуваме сите страни на мирен и конструктивен дијалог за да работиме заедно за доброто на фудбалот“, гласи соопштението на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…