На највановата ФИФА ранг листа македонската репрезентација забележа пад од едно место и сега се наоѓаме на 75 позиција.
Македонија во изминатиот месец не одигра ниту еден натпревар, па очекувано и запишавме мал пад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, веќе овој месец Македонија има прилика да го подобри својот ранкиг со двата натпревари кои ќе ги одиграме против Финска (23 март) и против Азербајџан (27 март).
На врвот нема поголеми промени, единствена измена е Полска која стигна до шестата позиција и сега има еднаков број на бодови со Шпанија.
Лидер на врвот е Германија, па потоа доаѓаат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Шпанија, Швајцарија, Франција и Чиле.