Новата 2021 година ќе биде посебна и историска затоа што ќе се одиграат две светски клупски првенства.
Во 12 месеци два пати ќе биде прогласен светски клупски шампион и тоа ќе биде така поради пандемијата со коронавирусот која направи проблеми ширум светот. Донесена е одлука СП за клубови за 2020 година да се одигра од 1. до 18 февруари 2021, а истата година во декември ќе се одигра и новото регуларно СП за клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот Муднијал ќе се игра во Катар, домаќинот на СП 2022 кој на лето ќе организира и Арапски куп (ново натпреварување под капата на ФИФА), додека на вториот домаќин ќе биде Јапонија.
И додека сите жалат на згуснатиот распоред ФИФА очигледно не ја интересира премногу, па наоѓа како да го пополни секој слободен термин.