Дома Фудбал Останато ФИФА потврди: Ќе се прекинуваат натпревари поради расизам

ФИФА потврди: Ќе се прекинуваат натпревари поради расизам

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, соопшти дека организацијата сериозно ќе се бори против расизамот за време на Мундијалот во Русија.

Инфантино потврди дека ќе се прекинуваат натпреварите на Мундијалот во случај на манифестација на расизам.

„Имаме јасни препораки во случај на манифестации на расизам. Судијата има право привремено да го прекине натпреварот, па дури и да донесе одлука да не се доигра. Благодарение на системот за следење, ќе следат непосредни санкции. Се разбира, ние не сакаме да се случи тоа. За сериозните последици сите се предупредени“, изјави Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо Назарио во разговори со Индија: фокусот е на развој на фудбалот

Легендарниот Бразилец во Њу Делхи разговарал со индискиот министер за спорт за ширење на ф…