Французинот Ласана Диара ја тужеше ФИФА за „ограничување на слободата на движење и реализација на трандфер“ и тој го доби спорот, па сега Светската фудбалска асоцијација би можела да ги менува правилата.
Според актуелниот правилник клубовите мораат да исплатат обештетување на поранешниот клуб на фудбалерот во моментот кога тој заминува како слободен агент и во случај кога договорот е раскинат без конкретна причина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диара на тужеше ФИФА тврдејќи дека „го попречила слободното движење на професионалните фудбалери кои сакаат да продолжат во друг клуб“. Судот пресуди во негова корист и тој сега ќе добие оштета за блокирањето за трансферот.
Тужбата е за неговиот трансфер од Локомотив Москва во Марсеј во 2015 година.