Дома Фудбал Останато ФИФА награди: Тибо Куртоа голман на годината, Дешамп ги победи Далиќ и Зидан

ФИФА награди: Тибо Куртоа голман на годината, Дешамп ги победи Далиќ и Зидан

Како што е познато ФИФА вечерва ги доделува наградите за најдобрите во изминатата година.

Прво беше избран голот на годината, а наградата „Пушкаш“ ја освои Мохамед Салах со неговиот слалом против Евертон.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Потоа следуваше прогласувањето на најдобриот тренер, а тоа беше човекот кој на Франција и ја донесе светската титула Дидие Дешамп.

Дешамп победи во конкуренција на Зинедин Зидан кој му ја донесе третата титула во низа на Реал Мадрид во Лигата на шампионите и Хрватот Златко Далиќ.

Откако беше прогласен тренерот на годината, ФИФА ја додели и наградата за најдобар голман која заврши во рацете на човекот кој ова лето направи трансфер од Челзи во Реал Мадрид, Тибо Куртоа.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Премиер лигата донесе ново правило, а Арсенал пронајде начин да го искористи во своја корист!

Навивачите на Олд Трафорд забележаа „интересен“ потег на Арсенал кога станува збор за ново…