Дома Фудбал Репрезентации ФИФА ги објави кандидатите за „Играч на годината“

ФИФА ги објави кандидатите за „Играч на годината“

ФИФА денеска ја соопшти листата од 10 фудбалери кои влегуваат во потесен круг за добивање на престижната награда „Фудбалер на годината“.

Откако ја прекинаа соработката со „Франс Фудбал“, ФИФА веќе две години ја дава наградата „The Best“ за најдобриот играч во светот во една календарска година.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


На листата за Најдобар фудбалер има 10 имиња: Кристиано Роналдо, Кевин Де Брујн, Антоан Гризман, Еден Азар, Хари Кејн, Килијан Мбапе, Лео Меси, Лука Модриќ, Мохамед Салах и Рафаел Варан.

Претходно ФИФА ги објави и номинациите за најдобар тренер (види ОВДЕ).

Светската куќа на фудбалот на почетокот од септември ќе ги обелодени тројцата финалисти, а победникот ќе биде прогласен на церемонија која ќе се одржи во Лондон на 24-ти септември.

За најдобар фудбалер на годината можете да гласате ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…