Дома Фудбал Италија Фиорентина објасни како излегле како победници од трансферот на Влаховиќ во Јувентус

Фиорентина објасни како излегле како победници од трансферот на Влаховиќ во Јувентус

Јувентус минатиот зимски преоден рок го доведе Душан Влаховиќ од Фиорентина, но српскиот голгетер се уште во целост не ги исполнува очекувањата.

За Влаховиќ, Јувентус плати сума од околу 80 милиони евра, а сега сопственикот на „виолетовите“ објасни како ја направиле математиката за заминувањето на Србинот, но и објасни зошто Јувентус погрешил.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„За Кабрал и Јовиќ плативме 15 милиони евра и сезонава вкупно ни донесоа 20 голови во сите натпреварувања. Влаховиќ во Јувентус постигна 10 голови. Тоа значи дека постигнал двојно помалку голови од нашите напаѓачи, додека ние на сето тоа и заработивме 70 милиони евра“.

„Доведувањето на Кабрал и Јовиќ за наш се покажа како одличен потег. Засега Јувентус не направи полн погодок со Влаховиќ“, изјави Роко Комисо.

Тука треба да се додаде и дека Влаховиќ сезонава пропушти неколку натпревари поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тажна вест: Почина поранешен младинец на Јунајтед!

Манчестер јунајтед, откако ја извојува победата во напнатот дуел против Лион во четвртфина…