Неколку европски гиганти се силно заинтересирани за ѕвездата на Лил и француски репрезентативец, Нанитамо Иконе.




Станува збор за 23-годишниот крилен напаѓач, кој минатата сезона блесна во дресот на Лил и одигра клучна улога во освојувањето на титулата.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Иконе е спремен уште во јануари да ја промени средината, а неколку европски клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.




Борусија Дортмунд и Фиорентина веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а Лил за неговата слобода бара 25 милиони евра. „Виолетовите“ во него гледаат идеален наследник на Влаховиќ и во моментов се во пол-позиција за неговиот потпис.