Португалецот, Бруно Фернандеш и капитен на Манчестер Јунајтед кој потпиша нов договор со „црвените ѓаволи“ потврди дека имал понуди од други клубови.
Се шпекулираше во медиумите за иднината на еден од најважните фудбалери во тимот на Ерик Тен Хаг, а и во клубот биле свесни дека можат да останат без неговите услуги. Заминување на Фернандеш сигурно дека ќе беше тежок удар за Јунајтед.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Во клубот беа свесни дека имам можност да си заминам. Пристигнаа понуди, но раководството покажа дека сум потребен и дека е време за промени“, изјави Фернандеш.
Според новиот договор Фернандеш ќе остане во Манчестер Јунајтед до 2027 година.