Дома Фудбал Фердинанд: Против Агуеро беше најтешко да се игра

Фердинанд: Против Агуеро беше најтешко да се игра

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд изјави дека Серхио Агуеро е најдобриот напаѓач во ПЛ.

Откако аргентинскиот фудбалер во финалето на Комјунити Шилд го порази Челси и воедно дојде до 200. гола во дресот на Манчестер Сити, пофалби на негова сметка изнесе Рио Фердинанд кој денеска работи како стручен коментатор.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Да постигнете 200 голови за Манчестер Сити е фантастичен успех. Мислам дека е најдобриот напаѓач во ПЛ. Играв против него, ми беше најтежок противник. “ – рече Фердинанд, кој Агуеро го почитува повеќе и од сонародникот Хари Кејн кој е брилијантен во дресот на Тотенхем.

„Кејн е одличен играч, но за мене Агуеро е подобар.“

Инаку, Рио како коментатор работи од 2015. година кога ја заврши играчката кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп во мај се враќа во Ливерпул, навивачите веќе подготвуваат добредојде

Јирген Клоп следниот месец ќе се врати во Ливерпул – но не како тренер. Како што беше обја…