Интересни сцени беа видени во натпреварот помеѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите во кој швајцарскиот тим победи со 2:1.
Главната улога ја имаше Кристиано Роналдо кој после излегувањето од игра покрај Солскјер од аут линијата делеше совети. Тоа не му се допадна на неговиот поранешен соиграч, Рио Фердинанд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ќе бидам искен. Да бев јас на местото на Солскјер ќе му кажев да седне. Знам дека се работи за страст. Силно сака да победи и не може да се воздржи, но треба да се воздржи“, изјави Фердинанд.
Слично мислење има и Питер Крауч.
„Сигурно би му кажал да седне. Но, тој е Кристиано и ќе го оставиме да прави што сака“, изјави Крауч.
Bruno Fernandes and Cristiano Ronaldo on the touchline with Solskjaer [@samuelluckhurst] #MUFC pic.twitter.com/za7ZdWWNJH
— MUFC Scoop (@MUFCScoop) September 14, 2021