Еден од најдобрите тренерит во историјата, Алекс Фергусон смета дека доминацијата на шпанските клубови во европските натпреварувања ќе биде прекината кога Лео Меси и Роналдо ќе бидат при крај на кариерата.
Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед смета дека во секој временски период постои клуб или земја кои доминираат во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Доминацијата е циклична. Во деведесетите дминираа Италијанците, особено Милан. Баерн и Ајакс доминираа во 70-те, Ливерпул во 80-те. Англија во почетокот на минатата деценија константно имаше три полуфиналисти во ЛШ и тоа беше врвот на Премиер лигата“, изјави Фергусон.
„Денес доминираат Шпанците, во тоа нема никаков сомнеж. Но, тоа може да се промени кога Меси и Роналдо ќе дојдат до залезот на кариерата. Кој може нив да го замени?“, заклучи Ферги.
Втора година по ред во четвртфиналето се пласираше само еден англиски тим, додека во сезоната 2014/15 Премиер лигата немаше ниту еден претставник во осумте најдобри во Европа.
Former #MUFC boss Sir Alex Ferguson believes #LaLiga dominance in Europe will end as Ronaldo, Messi pass their peaks https://t.co/Ug4E6MvFmL pic.twitter.com/zIyyj6z8AZ
— footballespana (@footballespana_) March 23, 2017