Tурските медиуми, поточно „Спорт Икс“ најавува дека Фенербахче тргнува по потписот на најталентираниот играч од редовите на Шкендија, Омер Имери.
Според информациите на овој медиум Фенербахче веќе ги направил првите контакти со Имери кој има договор со Шкендија до идното лето. Наводно, деновиве се очекува во Тетово да пристигне и официјална понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фенербахче со Имери може да направи одлична зделка, слична како онаа со Елиф Елмас. Турскиот гигант го доведе Елмас од Работнички само за тренинг-компезација, а по добриот период во Турција го продаде на Наполи за 16 милиони евра. Сега и Имери со оглед на важноста на договорот сигурно нема да биде скап.
Во сезоната која во Македонија се прекина и не продолжи поради коронавирусот Имери настапи на 20 натпревари и има учинок од пет гола и две асистенции.
Ќе потсетиме, Имери по неколку настапи за младинските селекции на Македонија се реши во иднина да го носи дресот на репрезентацијата на Албанија.