Раде Круниќ е нов фудбалер на Фенербахче. Фабрицио Романо, најсигурниот новинар кога во прашање се трансферите потврди дека турскиот гигант по Леонардо Бонучи доведува уште едно познато име.
Милан за 30-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина би требало да добие околу четири милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неговото доаѓање во Фенербахче значи засилување на балканската колонија во Истанбул каде што се веќе Домник Ливаковиќ, Един Џеко и Душан Тадиќ.
Во овој момент Фенербахче е лидер во турското првенство со два бода повеќе од Галатасарај.
Круниќ дресот на Милан го носеше од 2019 година и одигра 139 натпревари, постигна 139 гола и запиша шест асистенции. Сезонава собра 14 настапи.