Турскиот гигант Фенербахче донесе одлука да го позајми младиот македонски репрезентативец, Елиф Елмас.
Македонскиот фудбалски „бисер“ не добива голема минутажа оваа сезона, па раководството на Фенербахче реши да го пушти на „калење“ следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според турските медиуми, Фенербахче одлучил да му даде зелено светло на Елмас и неговиот агент да бара нов ангажман во Турција или Европа.
Планот на турскиот клуб е да го пушти на позајмица талентираниот фудбалер на една или две сезони, но и понатаму да го задржи правата на негова сопственост.
Неколку клубови од Турција и Европа веќе покажале интерес за ги добијат правата на Елмас за следната сезона.