Дома Останати Тенис Федерер: Три пати „оживеав“, за пензија секогаш ќе се зборува!

Федерер: Три пати „оживеав“, за пензија секогаш ќе се зборува!

federer

Швајцарецот, Роже Федерер 2017 година ја опиша како трето „оживување“.

Федерер откри дека додека ужива и успева да пронајде баланс помеѓу спортот и семејството ќе продолжи да се натпреварува. Тој до сега освои се што можеше да се освои, а откри и дека нема намера тука да застане.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


„Ќе видиме уште колку долго можам да играм. Моите навивачи би сакале вака да продолжам, додека уживам во тенисот и додека можам да пронајдам време за активностите со семејството ќе играм. Многу се пишуваше за моето повлекување и тие шпекулации нема да престанат се додека навистина не се случи“.

„Се трудам да не размислувам често за пензионирањето бидејќи според мене што повеќе размислувате за нешто толку сте поблиску до тоа“, изјави Федерер кој потоа зборуваше за неговата сопруга Мирка.

„Таа ме разбира кога сум нервозен и ме критикува на вистински начин. Ме поддржува, посебно во врска со организацијата на времето кое го поминувам со семејството. Дали некогаш игра тенис со мене? Околу пет пати годишно, посебно во текот на празниците“, откри Швајцарецот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кирјос се врати на терените по две години и – изгуби!

Ник Кирјос две години и два месеци, односно 26 месеци, не играше тенис во вистинска смисла…