Дома Останати Федерер се огласи со важна порака за коронавирусот (видео)

Федерер се огласи со важна порака за коронавирусот (видео)

Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер се опоравува од повредата на коленото во родната Швајцарија и реши преку Инстаграм да испрати порака за актуелната ситуација.

Легендарниот тениер испрати важна порака на своите следбеници и истакна дека мора сериозно да се сфати ситуацијата со коронавирусот.

„Навистина е многу важно правилата да ги прифатиме сериозно. Многу, многу сериозно. На крајот би можеле сите да завршиме во карантин. Затоа се надевам дека ситуацијата ќе ја сфатиме сериозно“ рече Федерер.

„Ги мијам рацете многу често, баш како што би требало тоа да го правиме сите. Верувам дека помагањето едни на други е сега најважно. Пред се на постарата генерација. Тие се изложени на најголем ризик. Мораме да се држиме на одалеченост од 2 метри и да не се ракуваме“, додаде Швајцарецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Официјално: Прв пат после Втора светска војна одложен е Вимблдон

Тоа што се најавуваше во изминатите денови денес доби и официјална потврда – одложен е тре…