Дома Македонски спорт Фахик Весели втор на ранг листата за Младинските олимписки игри во Буенос Аирес

Фахик Весели втор на ранг листата за Младинските олимписки игри во Буенос Аирес

На најновата ВКФ ранг листа за Младинските олимписки игри во Буенос Аирес, Аргентина, каратистот на Македонија, Фахик Весели се наоѓа на втората позиција во категоријата до 61 килограм.

Според пропозициите на Светската карате федерација и Меѓународниот олимписки комитет со овој ранг Фахик Весели се квалификуваше на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес, за што очекуваме и официјална потврда. Весели оваа година го освои сребрениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 кое се одржуваше во Сочи, Русија, минатиот викенд беше третопласиран на Младинската лига во Софија, Бугарија, а во 2017 година беше победник на Светскиот куп во Умаг.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во истата Олимписка категорија, вториот македонски претставник Столе Смилковски се наоѓа на 15. место.

Кај девојчињата во категоријата +59 килограми, Симона Симовска е 10. пласирана, а Сајра Морина која што беше бронзена на Младинската лига во Софија е 19.

Македонски каратисти кои не се наоѓаат на една од првите две позиции на Олимписките ранг листи, својот пласман за настап во Буенос Аирес ќе го бараат на Квалификацискиот турнир во Умаг, кој ќе се одржи на 29 и 30 јуни.

Во кадетската категорија до 57 килограми во машка конкуренција, Марио Свинарски, кој беше 5. на Европското првенство во Сочи и бронзен на Младинската лига во Софија се наоѓа на втората позиција. Во топ 10 кај кадетите е уште и Христијан Стојановски, кој во -63 килограми е 7. рангиран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Фудбалерите до 19 години во Луксембург ќе играат турнир за пласман во елитните квалификации

Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 9 до 15 октомври ќе учествува н…