Дома Фудбал Италија Фантастичниот Кварцхелија остана без својот автомобил, му го украле додека спиел

Фантастичниот Кварцхелија остана без својот автомобил, му го украле додека спиел

Наполи игра одличен фудбал сезонава, но да се биде фудбалер во Неапол има и темна страна, а тоа го почувствува Квича Кварцхелија, човекот кој е вистинско откритие оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кварцхелија е клучен играч на Наполи кој е лидер во првенството, а се до последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите беше и без ниту еден пораз. И покрај тој пораз од Ливерпул, Наполи ја освои групата како првопласиран.

Сега Кварцхелија и се соочи со една непријатност. Имено, изминатата ноќ додека спиел крадци го украле неговиот автомобил. Грузиецот не се разбудил во текот на грабежот само утрото видел дека му го нема автомобилот и тогаш пријавил во полиција.

Неодамна мета на крадци во Италија беа Ди Марија од Јувентус и Тео Ернандез од Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …