Дома Останати Кошарка НБА Фантастична вечер за Леброн, Дончиќ скромен, Дурант обезбеди победа за Бруклин

Фантастична вечер за Леброн, Дончиќ скромен, Дурант обезбеди победа за Бруклин

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни девет натпревари.

Леброн Џејмс зад себе има уште една одлична ноќ. Џејмс запиша трипл-дабл во триумфот на Лејкерси против Кливленд со резултат 120:131. Натпреварот го заврши со 38 поени, 11 скокови и 12 асистенции.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мекколум со 27 поени и Валанчиунас со 24 поени и 18 скокови не беа доволни за Њу Орлеанс кој беше поразен од Шарлот со 106:103. Бруклин со 116:104 беше подобар од Јута. Фантастичен натпревар одигра Кевин Дурант кој постигна 37 поени,и доаде девет скока и осум асистенции.

Максеј ја предводеше Филаделфија до победа против Мајами од 113:106, додека Хјустон го совлада Вашингтон со 115:97 и дабл-дабл на Вуд од 39 поени и 10 скокови. Чикаго исто така запиша сигурен триумф со 113:99 против Торонто, а двоецот Дерозан – Лавин уфрли по 26 поени.

Бостон на гости беше подобар од Оклахома со 123:132. Во победничката екипа одличен беше Татум со 36 поени и шест асистенции, а кај Оклахома Ман имаше сличен учинок со 35 поени, седум скокови и четири асистенции.

Во интересен натпревар Далас ја совлада Минесота со 110:108. Мавси беа предводени од Пауел кој уфрли 22 поени, подели две асистенци ии додаде осум скока. Лука Дончиќ оствари скромен учинок од 15 поени и 10 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…