Дома Фудбал Англија Фантастична вест за Тотенхем: Се враќа Џејмс Медисон

Фантастична вест за Тотенхем: Се враќа Џејмс Медисон

Како што стојат работите, Тотенхем наскоро ќе биде многу посилен бидејќи пред враќање на терените е одличниот Џејмд Медисон.

Медисон од почетокот на сезоната играше одлично по пристигнувањето од Лестер, но потоа дојде повредата на скочниот зглоб во лондонското дерби кое се играше на 6-ти ноември.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Во прв момент изгледаше дека проблемот не е сериозен, меѓутоа како што одминуваше времето стана јасно дека Медисон за брзо нема да се врати на терените.

Паузата на крајот изнесуваше три месеци, а Тотенхем по неговата повреда падна во формата и во овој момент е на петтата позиција и секако дека неговото враќање е голем плус за тимот на Постекоглу.

Медисон неколку дена тренира со остатокот од екипата, меѓутоа останува да се види дали Постекоглу ќе ризикува со него во ФА Купот против Манчестер Сити или ќе го чува за натпреварот против Брентфорд во Премиер лигата кој е закажан за 31-ви јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го прегази Баерн, Атлетико шокиран во Мадрид🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Барселона, каде каталонскиот гигант …