Дома Фудбал Англија Фабрегас докажа дека интелегенцијата некогаш е многу поважна од брзината (ВИДЕО)

Фабрегас докажа дека интелегенцијата некогаш е многу поважна од брзината (ВИДЕО)

Вилијан и Педро сигурно се побрзи од Сеск Фабрегас, но Шпанецот успеа да ги победи соиграчите во тестот на брзината и агилноста на еден од тренинзите на Челзи.

Педро и Вилијан беа шокирани од исходот на вежната, која јасно покажува дека брзината не е се, посебно не на фудбалскиот терен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Фабрегас ја постави снимката на друштвените мрежи со опис: Дали навистина се побрзи од мене? Денот кога бев побрз од Педро и Вилијан!

Играчот за врска на Челзи правеше мудри одлуки во текот на вежбата и ги зимаше чуновите на таков редослед со што избегна драстично менување на правецот.

Вилијан се жалеше, па дури и бараше од тренерот повторно да извршат мерење. Сепак изгуби чесно, а Фабрегас покажа дека интелегенцијата некогаш е поважна од физичките предисопозиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ се вклучи во трката за Душан Влаховиќ!?

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ би можел во текот на летото да ја промени средината, а как…