Трансферот на Цеск Фабрегас во Монако е стопиран, барем за сега, пренесуваат англиските медиуми.
Шпанскиот плејмејкер пристигна во „кнежевството“, ги помина лекарските прегледи и постигна договор за 3-годишна соработка, но Челзи го стопира трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сините“ сакаат прво да најдат замена за Фабрегас, и пред да донесат нов играч за врска нема да го пуштат да се пресели во Монако. Челзи преговара со Николо Барела од Каљари и Леандро Паредес од Зенит.
Сепак, дури и трансферот да не се реализира во зимскиот преоден рок, Фабрегас веќе има потпишано преддоговор и на лето ќе се пресели во Монако како слободен агент.
Фабрегас во моментов се наоѓа во Лондон и очекува позитивен исход во наредните денови, за да може и официјално да стане играч на Монако.
✅? – Cesc Fabregas has agreed a three-year deal to join @AS_Monaco this summer, but may be allowed to join the club this month if @ChelseaFC can find a replacement, according to Sky sources.
Full story: https://t.co/1OKaxQbvny pic.twitter.com/bO7jbjMII0
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) January 8, 2019